Вучиќ: Ништо не потпишав затоа што не сакам да склучувам меѓународни правни договори со Косово

Ништо не потпишав затоа што не сакам да склучувам меѓународни правни договори со Косово што нема да ги признаам како држава!

Српскиот претседател Александар Вучиќ и се обрати на јавноста, ден по маратонските разговори со претставниците на ЕУ и САД и премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти, во Охрид.

Вучиќ ќе им го покаже и објасни на граѓаните планот за имплементација.

– Разговорите никогаш не се лесни или едноставни, бидејќи станува збор за спротивставени страни, а тие најчесто имаат спротивставени интереси. Денеска ќе го прочитам целиот анекс, ќе укажам на правната природа и ќе зборувам за се што се случува, но не само околу Косово, и ќе се обидам да им објаснам на луѓето каде сме денес и што правиме – вели Вучиќ.

Вучиќ посочува дека поминале низ тешки денови, и дека биле изложени на лавина невистини и во светот и во Србија.

– Многумина овде се надеваат на најлошото решение за нивната земја, бидејќи колку е полошо за државата, толку е подобро за нив. Затоа, прво ќе ви го прочитам целиот анекс, а потоа ќе објаснам што правиме, што договоривме, а што не се договоривме – додаде Вучиќ.

Претседателот на Србија потоа го прочита текстот на анексот.

– Овој Анекс е составен дел на Договорот. Т.н Косово и Србија целосно се обврзуваат да ги почитуваат сите членови од Договорот и овој Анекс и да ги спроведат сите свои обврски кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс брзо и со добра волја.

Вучиќ во своето излагање посебно го истакна делот „релевантни претходни договори од дијалогот“.

– Страните се договорија во рок од 30 дена да формираат Заеднички комитет за следење, со кој претседава ЕУ. Спроведувањето на сите одредби ќе биде обезбедено и надгледувано од Заедничкиот комитет за следење.

– За да се имплементира членот 9, ЕУ во рок од 150 дена ќе организира донаторска конференција со цел да се воспостави пакет за инвестиции и финансиска помош за Косово и Србија. Помошта нема да биде доделена пред ЕУ да утврди дека сите одредби од Договорот се целосно имплементирани.

– Т.н Косово и Србија се согласуваат дека сите членови ќе се применуваат независно еден од друг.

– Редоследот на ставовите од овој Анекс не го доведува во прашање редоследот на нивното спроведување.

– Т.н Косово и Србија се согласуваат да не го блокираат спроведувањето на ниту еден член (точка).

– Сите дискусии поврзани со спроведувањето на Договорот ќе се одвиваат во рамките на Дијалогот што го води ЕУ, рече меѓу другото српскиот претседател Александар Вучиќ во своето денешно излагање.

– Ќе има многу потешки работи во иднина, за шест месеци или една година. За нас е важно не само да зависиме од добрата волја на Приштина, што е позитивна промена, туку и од тоа колку сме подготвени да направиме одредени работи. Зборувам за европскиот пат – истакнува тој.

Вучиќ вели дека синоќа во Охрид не потпишал ништпо првенствено поради тоа што Србија е призната држава, додека Косово не е призната држава.

-Не потпишав затоа што не сакам да склучам меѓународен правен договор со Косово, внимателно и дисциплинирано се грижам за секој збор што ќе го кажам, тешко е да се докаже дека договорот постои без потпис, но на секое место. Зборувам недвосмислено за црвените линии на Србија кои се однесуваат на недвосмислено непризнавање на Косово.

Тој додава дека затоа не е потпишан ниту договорот ниту анексот, туку Србија е подготвена да работи на имплементација до нејзините црвени линии.