Вучиќ понуди преговорите меѓу Украина и Русија да се водат во Србија

Александар Вучиќ им понуди на Русија и Украина преговорите да ги водат во Белград. Ова го изјави Вучиќ синоќа во гостување на телевизијата Хепи.

Претседателот на Србија рече дека Сергеј Лавров не рекол дека Белград ќе биде место за мир, туку дека ќе биде добро место за тоа.

„Сакаме мир да дојде што е можно поскоро, а ако некој мисли дека Белград е добро место за тоа, со задоволство ќе им го понудиме на нашите пријатели од Украина, но и од Русија“, рече Вучиќ.

„Не ни пречи, ако сакаат да преговараат во Белград, нема да ни пречи. Сум разговарал со Лавров многу пати, тој сè добро разбира. Исто како и со амбасадорот Боцан-Карченко и со украинскиот амбасадор Олександар Александрович. Тие добро ја разбираат и Србија и нашите односи се добри. Тие течно зборуваат српски. Ние немаме амбасадор кој зборува украински, на пример“, рече Вучиќ.