Српскиот претседател Александар Вучиќ во петокот изјави дека Белград никогаш повеќе нема да им сврти грб на Србите „западно од Дрина“ и нема да дозволи некој неказнето да ги прогонува.
Вучиќ ова го изјави откако заедно со претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, положија венци на споменикот во северозападна Босна на патот меѓу Босански Петровац и Кључ, подигнат во спомен на загинатите во колоната во која цивили на Срби од Краина во Хрватска бегаа во текот на операцијата „Бура“.
Хрватски воени авиони нападнале наводно воени цели во колоната во која Загреб дека имало и припадници на српските бунтовнички паравоени сили кај локацијата Петровачка цеста на 7-ми август и ден подоцна во близина на Сводна во околината на Босански Нови. Според различни тврдења на српската страна, тогаш биле убиени девет или десет лица, меѓу кои и четири деца.
Вучиќ во петокот изјави дека Србите со години не сакале и не смееле да ги одбележуваат нивните трагедии, но тоа сега е променето.
„Десет луѓе беа убиени само затоа што беа Срби, а четири беа деца“, рече Вучиќ додавајќи дека ги почитува и хрватските и бошњачките жртви, но не сака да дозволи занемарување на српските жртви. Најави и дека лично „ќе стори сé за да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за убиството на децата“, што беше очигледна алузија на обвинението на српското правосудство против четворицата хрватски пилоти.
Српското обвинителство за воени злосторства минатата година обвини четворица пилоти на хрватските воздухопловни сили (ХРЗ) за напад на цивилни цели во конвои на патот меѓу Босански Петровац и Кључ, односно кај Сводна на 7 и 8 август 1995 година.
Пилотите Владимир Микач, Зденко Радуљ, Жељко Јелениќ и Данијел Боровиќ се обвинети за командна одговорност, кои сакаат да ги гонат во Србија, повикувајќи се на тврдењето дека имаат универзална јурисдикција за сите воени злосторства извршени на територијата на поранешна СФРЈ.
Хрватското Министерство за правда ги отфрли барањата на Белград за доставување покана до обвинетите за сослушување со цел да започне судскиот процес, оспорувајќи го авторитетот на српското правосудство во овој случај, најавувајќи дека ќе бидат преземени сите мерки за правна заштита на хрватските пилоти. .