Претседателот на Србија Александар Вучиќ зборуваше по изборите.
„Повеќе од една година траеа страшните притисоци поврзани со изборите“, изјави Вучиќ.
„Мнозинството го имавме и по 17 декември во Белград. Но, сметавме дека тоа не е доволен легитимитет бидејќи некои други не сакаа да коалицираат со нас. Сега ќе имаме 62 или 63 мандати, наместо 54 колку што беше во декември“, додаде тој.
„Во Белград ќе имаме 52 отсто од гласовите. Во Пеќинци 86 отсто од гласовите“, додаде тој.