Вучиќ се повлекува од лидерската позиција во партијата

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во мај ќе се повлече од чело на владејачката Српска напредна партија.

Десет години сум на челото на партијата и тука ќе бидам до мај. Мислам дека тоа е доволно. Во главата веќе имам четворица кандидати за наследник. Време е за нови луѓе, јас сум веќе 10 години на нејзиното чело. Се повлекувам бидејќи не сакам да загрозам што било пред тоа и победата на партијата на изборите – порача претседателот на партијата и на државата, кој, као што рече, веќе имал во главата четири кандидати за наследник.

Тој додаде дека сака, како што вели, да ужива во секојдневни работи од кои политиката го оддалечила.

Би се зачудиле кога би кажал дека и јас имам топлина и емоции, понекогаш сум и јас човечко суштество, си кажувам дека ова го можам, а ова не. Не сум бил ни еден ден на море, можеби сум сакал да бидам нормален, обичен човек… Да видам што ми прави ќерката, малиот син да го однесам на џудо, кошарка, големиот веќе не ме рецка два отсто – рече Вучиќ на телевизијата К1.

На прашањето дали би се вратил на премиерското столче, Вучиќ одговара со прашањето: „Па дали навистина мислите дека тоа е возможно?!“.

Тој истакна дека живее за тоа што ќе се пишува за 50 години, пренесува Б92.

Вучиќ рече дека презира насилници и дека главно соработува со жени, бидејќи многу ги почитува.

Околу мене се главно жени. Сите тие жени веќе 10 години се со мене и ниту една не заминал. Во нашата влада има најголем процент жени. Поголемиот дел од мојот тим го сочинуваат жени. Веројатно на човека му удите по делата, објасни Вучиќ.

Осврнувајќи се на коментарите дека не е „топол“ и срдечен во комуникацијата, Вучиќ рече дека нему му е работа да зборува работи кои не им се допаѓаат на луѓето, а не да „се фотографира со миленичиња“.