Српскиот претседател Александар Вучиќ е на пат за Рашка каде ќе разговара со Србите од Косово и Метохија.
Вучиќ пред заминување за Рашка од хеликоптерот порача дека каква и да е одлуката на народот тој ќе ја прифати и ќе биде со народот.
– Повторно на пат за Рашка, каде што ќе разговарам со Србите од Косово и Метохија. Знаејќи дека тие, до конечното ослободување, никогаш нема да бидат задоволни со ниту една одлука, со чиста совест и образ, одам пред нив, убеден дека денес е добар ден за Србија, дека сме го зачувале мирот и добивме гаранции за безбедноста и опстанокот на Србите. Каква и да биде одлуката на нашиот народ, јас ќе ја прифатам, ќе бидам со нив и ќе го зачуваме српското единство – пишува на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“.