Вучиќ–Сиљановска Давкова: Србија и Северна Македонија можат да понудат многу во лозарството и туризмот

За време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Србија, таа со домаќинот претседателот Александар Вучиќ ја посети Винаријата Алексиќ во Врање, каде водеше разговари за заедничките можности во лозарството и туризмот, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот Вучиќ на неговиот Инсаграм профил напиша дека „со нескриена гордост на претседателката Сиљановска давкова и ги претставил одличните вина што Србија може да ги понуди. Ручекот во автентичната атмосфера на винаријата Алексиќ, оцени тој, беше можност за неформални разговори и дегустација на врвни вина од оваа визба.

-Со драгиот гостин и домаќините разговарав за заедничките можности во лозарството и туризмот. Убеден сум дека Србија и Северна Македонија можат да понудат многу за секого во тие области, потенцираше меѓу другото Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.