Александар Вучиќ, претседателот на Србија, изјави дека денес добил известување од Азербејџан во врска со испораката на гас.
„Уште една лоша вест нѐ погоди утрово. Добивме известување од Азербеџан дека од денес не можеме да се потпреме на 1,7 милиони кубни метари гас којшто секојдневно пристигнуваше. Од денес ќе почнеме многу посериозно да ги трошиме нашите резерви“, кажа Вучиќ.
„Сите велеа ‘лудиот Вучиќ’, но сега се испостави дека било паметно што собиравме резерви. Имаме толку многу гас што можеме да го дополниме додека нѐ стаса нов малер. Се надевам дека Азербеџан ќе можат да го решат проблемот за еден или два месеци, а ако не е возможно, сметајте дека ќе мораме да трошиме резерви во следните четири месеци по 2 до 2 и пол, 3 милиони“, изјави тој.
Вучиќ нагласи дека нема да има недостиг на гас, ниту нафта и други деривати, и дека и понатаму не се менува целта на Србија да биде најбрзо растечка економија во Европа, пренесуваат Б92.