![vucik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/vucik.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
За резолуцијата за агресија врз Украина гласаше и Србија.
Претседателот Александар Вучиќ во моменртов се обраќа на нацијата.
„Целиот свет стана поинаков и ништо повеќе не е исто. На светската сцена се случија тектонски промени, а Србија е во исклучително тешка ситуација и има помалку разбирање од кога било за позицијата на Србија и нашиот народ насекаде во светот.
Не станува збор за нашата принципиелна и исправност на нашиот став, туку за околностите кои не доведоа во тешка ситуација.Речиси и да нема претставник на големи земји со кои не сме разговарале.Србија се соочува со огромен притисок и тоа што малкумина сакаат да ја слушнат вашата аргументација, тогаш ви е јасно колку е тешка нашата позиција.
Мислам дека ова е само почеток, притисоците врз нашата земја ќе бидат огромни во наредниот период“, рече тој.