Вучиќ: Србија ќе се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН

Српскиот претседател Александар Вучиќ во доцна во четвртокот најави дека на почетокот на следната седмица ќе испрати специјален пратеник кај претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации и ќе побара од светската организација, по повод најавуваниот предлог за усвојување на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, за „добро да го разгледа прекршувањето на сите процедури“.

Во четвртокот вечерта, по состанокот со политичкото раководство на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска, Вучиќ рече дека Србија ќе ги искористи сите политички средства за да им се спротивстави на земјите на НАТО „од Турција до Германија“ во врска со најавената резолуција, оценувајќи дека „мали се шансите за успех“, но дека ќе се бори за секој глас во ОН.

Како „главни спонзори“ на таа резолуција, Вучиќ ги спомена „земјите од НАТО – Германија, Велика Британија, САД, Франција, Турција“.

Оценувајќи дека усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница може да предизвика „голема штета на регионот, особено на БиХ“, Вучиќ посочи дека „го молел луѓето во Република Српска“ уште еднаш да размислат за сите нивни одлуки и потези.

Претходно, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека „ќе донесе одлуки“ против најавената резолуција.

Негирајќи дека се случил геноцидот во Сребреница и дека е измислен за да се префрли вината колективно врз српскиот народ, Додик рече дека – доколку резолуцијата биде усвоена – „Република Српска ќе го напушти одлучувањето во Босна и Херцеговина“.

Претходно шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека датумот на гласање за Резолуцијата на ОН сѐ уште не е одреден, наведувајќи дека иницијаторите рекле дека таа може да се гласа на почетокот од мај.

По средбата со министерот за надворешни работи на Гана во Белград, Дачиќ истакна дека Србија нема ништо против да ги осуди сите злосторства извршени во Босна и Херцеговина, Хрватска или каде и да е на друго место, туку е против дефинирањето на само српскиот народ како геноцидно.

Вучиќ синоќа оцени дека големите земји од процедурални причини сакаат да го префрлат одлучувањето од Советот за безбедност во Генералното собрание на ОН. Во Белград последните денови таквата намера се оценува како обид да се избегне правото на вето од Русија во Советот за безбедност, бидејќи иницијаторите сметаат дека во Генералното собрание ќе имаат поддршка од муслиманските земји, како и од западните сојузници. Резолуцијата во Генералното собрание не е обврзувачка, но може да поттикне бран од прогласување на генеоцид со резолуција во националните парламенти.