Вучиќ: Србија со ништо не придонесе за американските санкции против НИС

Србија се најде под строги санкции, но не стори ништо за да дојде до нив, изјави во петокот српскиот претседател Александар Вучиќ, како одговор на одлуката на Министерството за финансии на САД да санкционира повеќе од 200 субјекти кои работат со и во рускиот енергетски сектор, вклучително и компанијата Нафтена индустрија на Србија (НИС).

Во своето обраќање до јавноста по веста од Вашингтон, Вучиќ истакна дека Американците велат дека нивната намера не е да ја таргетираат Србија, ниту само НИС, туку дека ова е сеопфатен напад врз руските компании и сите поврзани компании, вклучително и НИС.

Српската влада тогаш предводена од партии кои се сега во опозиција го продаде НИС на рускиот „Газпромњефт“ во 2008 година, а според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, „Газпромњефт“ и „Газпром“ имаат 56,15 отсто сопственост, додека 29,87 отсто се во сопственост на Србија.

Можноста Србија да биде погодена од американските санкции поради НИС ја најави српскиот претседател во средината на декември 2024 година, а американската амбасада тогаш во својот одговор до белградските медиуми посочи дека НИС е „национален ресурс за Србија“, но дека „руските сопственици користат дел од профитот за финансирање на агресијата против Украина“.

„НИС е вреден национален ресурс за Србија, вреден повеќе од две милијарди долари во 2008 година, кога ‘Газпром’ купи повеќе од половина од акциите за мал дел од нивната пазарна вредност, и сега е најпрофитабилната компанија во Србија“, се тврдеше во американската амбасада во рече тогаш Белград но не беа посочени конкретните податоци.

Вучиќ денеска истакна дека НИС значително придонела во националниот буџет во изминатите 16 години.

Вучиќ посочи дека целта на американските санкции против НИС бараат од Србија „целосно да ги повлече руските интереси“ од НИС и дека тоа „мора да се заврши во рок од 45 дена“.

Вучиќ, толкувајќи ја одлуката на Вашингтон, рече дека САД нема да дозволат намалување на руската сопственост, на пример на 49 отсто, туку бара целосно повлекување на Русија од капиталот на таа нафтена компанија во Србија.

Планот за трансформација на сопственоста мора да започне веднаш, со одобрение на американската влада и нејзината Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC), тврди Вучиќ, наведувајќи дека е најавена „можноста за консултации“ со Србија.

Сите операции, вклучително и склучувањето на договорот, мора да бидат завршени во рок од 45 дена, а финансиската трансакција е можно да се одложи до 12-ти март, но за тоа е потребно и одобрение од американската влада, рече Вучиќ.

Нагласи дека Србија не сака никакво „непријателско преземање“ и дека за тоа ќе разговара и со Русија. „Ќе реагираме сериозно и одговорно и иако ќе брзаме, нема да избрзуваме да носиме погрешни одлуки“, рече Вучиќ.

Најави дека ќе побара од идната американска администрација да ја преиспита одлуката за санкции за да види дали Србија може да добие олеснителни околности и посочи дека за тоа ќе разговара и со идниот министер за финансии на САД.

„Ние ги сакаме и Москва и Вашингтон, но ја претпочитаме Србија, ќе ги заштитиме интересите на Србија. Нема да има недостиг и финансиски катастрофи“, рече Вучиќ во своето обраќање до јавноста за веста за санкциите.

По повод усвојувањето на американскиот пакет санкции во кој е вклучен и српски НИС, денеска со соопштение излезе и Јадранскиот гасовод (Јанаф), во кој истакна дека оваа компанија е нивниот долгогодишен и најголем деловен партнер со кој имаат договор за транспорт на 10 милиони тони нафта од 1-ви јануари 2024 година до 31-ви декември 2026 година и да се работи на изнаоѓање решенија за ублажување на негативните последици врз бизнисот.