Вучиќ за заминувањето од раководството на партијата: Се повлекувам, можеби сакам да бидам обичен човек

Десет години сум на чело на партијата, а до мај ќе бидам таму. Мислам дека е доволно, во главата веќе имам четири кандидати за наследник, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Време е за нови луѓе, 10 години сум во раководство на партијата. Се повлекувам затоа што не сакам ништо да загрозувам – рече Вучиќ.

На забелешката дека човек со таков рејтинг кој е околу 70% не е логично да замине од политиката, вели „логично ми е“.

-Би се изненадиле дека и јас имам некоја топлина и емоции, понекогаш и јас сум човек, си велам можам ова, а не можам ова. Не сум бил на море ниту еден ден, можеби сакав да бидам нормален, обичен човек – вели Вучиќ.

Зборувајќи за напуштање на политиката, тој вели дека можеби сакал „да не го носи товарот на овој свет, па ни партијата“.

– Да речам скарајте се, не мора да ве смирувам, да видам што прави ќерка ми, да го однесам син ми на џудо, кошарка, вели Вучиќ.

Како што изјави „Дадов се, се борев за државата, за партијата“

На прашањето дали можеби ќе се врати на премиерската функција, Вучиќ рече дека не е многу сигурен во тоа сценарио.