![vuv](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/vuv.jpg?resize=616%2C391&ssl=1)
По денешната изјава на министерката за енергетика на Србија, Зорана Михајловиќ, дека е стопиран процесот за изградба на гасоводот Јужен тек на територијата на Србија, премиерот Александар Вучиќ, ја демантираше оваа изјава велејќи дека ваква одлука може да донесе само српската Влада и дека засега работите одат по предвидениот тек.
„Ваква одлука може да донесе само Владата, а Владата засега нема одржано седница на оваа тема. За нас се се одвива според планираното и доколку има одредени промени, навремено ќе бидете сите информирани“, рече Вучиќ пред неговото денешно заминување за Берлин.