Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека неговиот брат Андреј им ја покажал легитимацијата на припадниците на жандармеријата кој го претепала, и дека тепањето започнало додека тој во рака ја држел својата лична карта за што постои и снимка.
„Имаме и снимка на која се гледа дека ги даваат своите легитимации, но за тоа веќе не сакам да зборувам. Секако дека сум објективен, а жал ми е што многу се радуваат на туѓата несреќа, а тоа некој не го заслужил“, изјави Вуќчиќ.
Тој повтори дека неговиот брат и обезбедувањето се легитимирале и дека за тоа постојат и снимки кај надлежните органи, а истите биле и потврдени од сведоци.
„За ова повеќе ни збор. Претпоставувам дека со воодушевување ќе го поздравите и фактот што некои полициајци јавно кажаа дека требале да го убијат, а за тоа ќе кажете дека сум виновен јас или мојот брат, бидејќи за тепачите треба да се бара затворска казна, а овие по се изгледа треба да добијат награда“. рече Вучиќ.
„Омразата кон мене не морате да ја ширите како омраза кон моето семејство“, наведува Вучиќ и додава дека со ова мисли на кои со „лаги пробале да ја дезинформират јавноста“.
Премиерот додаде дека претепувањето на неговиот брат почнало додека тој во рака ја држел својата лична карта, како и дека неговиот брат одел во посета на нивните родители кои живеат во близина.
„Жал ми е што не можете да верувате, не се вклопува ова во клишето. Требаше некои други да бидат претепани па да се бара вонредна седница на ОН или нешто друго како што мојот брат напиша во писмото. Но, му се случи, за жал, повторно на моето семејство и можеби така е подобро отколку да му се случи лошо на некој друг“, наведува Вучиќ.
Тој рече дека нема да му докажува на никој ништо, туку ќе остави работата да си ја сработат надлежните органи.
„Секако дека луѓето од обезбедувањето кои не возвратија на ударите беа вооружени. Тоа ја покажува нивната свест дека не сакале да употребат оружје против државните органи“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека обезбедувањето било свесно и одговорно, иако трпеле удари, на никој начин не им возвратиле на полицијаците.
„Уште еднаш ви се извинувам што тој Андеј се презива Вучиќ“, заклучи премиерот.