Вучиќ: Мојот народ може да ме пцуе и навредува, но не дозволувам никој да го понижува

Ќе се борам за правото на мојот народ и никогаш нема дда му дозволам на некој да го понижува, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по инцидентот кој синоќа се случи на натпреварот меѓу Србија и Албанија.

очекувам реакција од ЕУ и не го прифаќам ставот дека двете групи се поеднакво виновни, што ќе се случеше ако ние во Тирана однесеме српско знаме.

Премиерот изјави дека инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија била најтешката политичка провокација со три цели- понижување на српскиот народ, предизвикување на долгорочна нестабилност како во Србија, така и на Балканот и влијание на дневнополитичките прилики.

Вучиќ додаде дека е во исчекување на извештајот на Европската комисија и дека никако нема да ја прифати оценката дека двете страни се поеднакво виновни, додавајќи дека Србија ќе успее да ги спречи абланските територијални претензии.

„што би рекле ЕУ и САД ако ние испратевме наши навивачи во Тирана со обележја на Голема Србија и четнички обележја. Па, тоа ќе беше скандал за цел свет“, изјави Вучиќ.

Премиерот повтори дека нема да прифати еднаква поделба на вината на двете страни бидејќи уште пред натпреварот ги предупредил партнерите на Србија од ЕУ за можни провокации. Вучиќ додаде дека во текот на вчерашниот ден во Белград претстојувале лица кои на себе имале обележја на ОВК.

„Беше јасно дека се дојдени со намера да го испровоцираат домаќинот“, вели Вучиќ додавајќи дека е очигледном дека некој сакал да направи нешто за да предизвика хаос.

Вучиќ додаде дека е пронајдена направата со која се управувало беспилотното летало, наведувајќи дека е користен мобилен телефон за маневрирање и дека истражните органи ќе утврдат за што се работи. На новинарско прашање дали овој инцидент ќе ја одложи посетата на премиерот Еди Рама, која е закажана за следната недела, Вучиќ изјави дека таа одлука Рама треба да ја донесе лично.

Вучиќ истакна и дека немало никакви пропусти во безбедносната проценка, но додаде и дека мора да се преиспита работата на сите надлежни од Фудбалскиот сојуз на Србија до полицијата. На прашањето дали инцидентот е изрежиран поради доаѓањето на рускиот претседател, Вучиќ вели дека не се исклучува таа можност.

Тој на крај ги повика граѓаните на Србија да присуствуваат на воената парада на 16 октомври со крената глава.