Лидерот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ викендов ќе донесе одлука за тоа дали заедно со изборите за градоначалник на Белград ќе се одржат и предвремени парламентарни избори, пишува денеска српскиот весник „Данас“.
Според изданието во раководството на партијата се шпекулира дека Вучиќ се откажал од предвремените парламентарни избори, заради државните интереси. Владата ќе продолжи да функционира како досега, со таа разлика што Ивица Дачиќ ќе треба да се откаже од уште едно министерство.