Вучиниќ на принуден одмор неколку недели

Клупскиот доктор на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус потврди дека последната повреда која црногорскиот интернационалец Мирко Вучиниќ ја има заработено на последниот тренинг е од посериозна природа и дека истата бара мирување во следните неколку недели.

„За среќа, не станува збор за кинење на лигаментите во повреденото колено. Станува збор за истегнување и тоа од втор степен. Мирко нема да биде во комбинација за игра во следните неколку недели. Ќе мора да пропушти неколку првенствени натпревари и натпреварот од 1/16 финалната рунда од Лигата на Европа”, изјави клупскиот доктор на „старата дама”.

Предводникот на Јувентус, Антонио Конте и понатаму е на слатки маки кога е во прашање напаѓачката линија.
Конте на располагање ги има услугите на Карлос Тевез, Фернандо Љоренте, Даниел Пабло Освалдо, Себастијан Џовинко и на Фабио Кваљарела.