Нападот на српскиот премиер, Александар Вучиќ бил добро организиран, открива извор за „Информер.рс“.
Вучиќ има исекотина на главата, а во инцидентот се повредени и неколку членови на обезбедувањето и полицајци на Република Српска.
Денешниот напад на Вучиќ е направен по наредба. Нападот бил организиран и се случи веднаш штом нашата делегација положи цвеќе на Меморијалниот споменик, иако до тогаш атмосферата беше мирен. Масата веднаш по тој чин, како по наредба почна да го навредува премиерот извикувајќи „Алах Акбар“ и „Убијте го Вучиќ“, открива изворот на „Информер.рс“.
„Потоа почнаа да летаат камења кон нашата делегација, а некои од нив го погодија премиерот по лице. Од ударот му се скршија очилата, а на главата има исекотина. Сосема е јасно дека нападот не беше случаен, бидејќи до тогаш се’ беше во совршен ред“.
Премиерот го заштитиле членовите на српската делегација, со помош на локалната полиција и обезбедувањето на собирот.