Вучичевиќ: Западот посакува слаби Влади и слаби држави кои ќе одлучуваат по нивна директива

Драган Вучичевиќ, главен уредник на српски Информер во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов обелоденува зошто западните моќници вмешуваат прсти во регионалната политика на Балканот.

Тој вели дека Западот посакува слаби Влади и слаби држави кои ќе одлучуваат по нивна директива, а не силни влади како овие на Груевски и Вучиќ кои одлучуваат самостојно и ја добиле довербата од народот.

Некои сакаат во Србија да го наметнат принципот  по кој не е важно за кого граѓаните, гласачите гласале туку е важно што некој некаде замислил дека некој треба да владее со Србија. Како што некој некаде замислил дека некои луѓе треба да владеат во Македонија спротивно на волјата на граѓаните на Македонија, таква идеја имаат и во Србија. На западните моќници во нашиот регион им се потребни слаби влади во слаби земји кои ќе го прават тоа што ќе им се каже.  Каде и да се појави силна Влада, каде и да се појави силен премиер или Влада која владее. Нив им треба Влада која не владее. Им требаат влади кои работат на копче, на конец, како кукли марионети. Нив не им одговара ситуација во која Груевски или Иванов одлучуваат во Скопје што ќе се случува во Македонија и не им одговара ситуација во која Вучиќ навистина одлучува што ќе се случува во Србија. Тие сакаат за тоа да се одлучува во Брисел, Вашингтон, Берлин, не е важно, рече уредникот и долгогодишен новинар Вучичевиќ.