Премиерот на Србија Александар Вучиќ, бурно реагирал на состанокот во Брисел каде меѓу останатото рекол дека Србија го одржала зборот, но дека сите други не ги исполниле своите обврски, пишува српски „Блиц“.
Како што наведува „Блиц“, во Брисел паднале тешки зборови меѓу Вучиќ и заменик премиерот на Косово Хашим Тачи.
Немојте повеќе да ми говорите за поглавјата. Ако сакате отворете ги, ако несакате немојте, бурно реагирал Вучиќ на неформалниот состанок со шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могернини и премиерот Иса Мустафа.
Вучиќ, рекол дека Србија се држела до дадениот збор, а дека сите други не ги исполниле обврските, потсетувајќи дека косовската влада не донела уредба за формирање на Заедницата на српски општини, а дека договорот за катастар од 2011-тата година воопшто не почнала ниту да го имплементира.
Вучиќ го осудил апсењето на Србите во Брезовица и обидот на Косово да стане членка на УНЕСКО, без знаење на Србија, не само од страна на Приштина, туку и од најголемиот број земји членки на ЕУ.
„Блиц“ додава дека разговорите биле тешки, а дека дошло и до вребален конфликт меѓу Вучиќ и Тачи.