Вучиќ ги повика Србите да не го напуштаат Косово

(фото танјуг)

Српскиот претседател Александар Вучиќ, неколку дена по убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица во саботата им порача на Србите вп поранешната јужна покраина Косово и Метохија, дека мораат да останат и да опстанат на своите огништа, со натамошна и поголема помош од државата, а на Албанците им порача дека без оглед на различните интереси, Србија сака и ќе направи сѐ да го зачува мирот и да ги реши несогласувањата.

„Србите мора да останат и да опстанат на своите огништа на Косово и Метохија. Не смееме да бидеме помалку на земјата на која отсекогаш сме живееле. Затоа, како држава, ќе се бориме на сите начини“, порача српскиот претседател Александар Вучиќ од Бањска, каде и покрај снежното невреме го дочекаа голем број граѓани и свештеници од манастирот.

„Во моментов најважни се три работи, а првата е дека Србите мораат да останат и опстанат на Косово и Метохија, а државата мора да го обезбеди нивниот економски напредок, да ја обезбеди нивната сигурност и да се пресмета со криминалот и корупцијата“, рече Вучиќ.

Истакна дека дошол на Косово да разговара со граѓаните кои се вознемирени по злосторничкото убиство на Оливера Ивановиќ и дека сака да разговара за безбедноста и за тоа кои се органите што треба да ја гарантираат таа безбедност.

„Сакам да разговарам за безбедноста, кои органи се тука да ја гарантираат безбедноста. Да видиме како тие го прават тоа“, исткана српскиот челник.

Осврнувајќи се на атентатот на Ивановиќ, Вучиќ рече дека Србија иако била подготвена да учествува во истрагата, што не ги сакаат албанските власти во Приштина, ќе разменува информации со косовските институции, и дека ќе ги почека конечните резултати.

„Ќе видиме дали истрагата ќе доведе до извршителите на ова гнасно злосторство.Ако тоа не се случи, многу работи ќе бидат јасни, како што реков првиот ден“, порача Вучиќ.

Додаде дека по прашањето за безбедност Србија мора да пронадје нови модуси со цел да ја осигура безбедноста и мирот на граѓаните со српска националност, да ги направи појасни, повидливи и да има помалку вознемиреност.

„За нас од клучно значење е да пронајдеме дополнителни механизми за борба против криминалот и копрупцијата во сопстевните редови“, им порача Вучиќ на косовските Срби.

Зборувајќи за вложувањата на српската влада во обнова на косовските општини, Вучиќ истакна дека дека досега е направено многу и оти владата во Белград учествувала во 170 проекти, во обновување на 42 цркви и манастири.

„Останува да вложиме уште 250 милиони, а 168 милиони динари веќе вложивме. Многу работи се направени во Бањска, не само иконостасот и ѕидовите на манастирот, туку многу направивме и во бањата со што се врати и животот во Бањска. Од исклучително значење е да се заврши проектот Сончева долина, станбена населба за околу 300 семејства“, рече Вуќиќ.

На Србите на Косово им се заблагодари на „цврстината, постојаноста, храброста и желбата“ да ја чуваат својата земја, својата Србија, но и своите семејства.

„Дојдов да им порачам на Албанците, без оглед што неретко Србите ги доживуваат како, не би рекол непријатели, туку како противници, и неретко имаме различни интереси, дека Србија не само што сака мир, туку ќе даде се од себе тој мир да го зачуваме. Ќе направиме се со цел да ги решиме повеќедецениските и повеќевековните несогласувања, да обезбедиме трајност на тој мир, и безбедност за секоје албанско и српско земејство“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател потоа положи венец на месото каде што пред пет дека беше убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“,Оливер Ивановиќ, во северниот дел на поделената Косовска Митровица. Веднаш потоа замина на Техничкиот факултет во центарот на градот каде го дочека градоначалникот Горан Ракиќ, а ќе има средба со политичките челници на косовските Срби.

Распоредот на Вучиќ предвидува и директни средби со граѓаните, на коишто ќе разговара за моменталната ситуација во градот по убиството на Ивановиќ, за нивните стравувања и очекувања., Потоа ќе има обраќање за медиуми и ќ ја посети Грачаница.

Медиумите јавуваат дека од утрото во саботата забележливи се засилените безбедносни мерки, на улиците има голем број полицајци, а посебни безбедносни мерки се преземени на Техничкиот факултет во центарот на Косовска Митровица.