![Makron Vucik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/Makron-Vucik-1.jpg?resize=643%2C428&ssl=1)
На прашањето во врска со Косово српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференцијата со францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема да го промени мислењето за косовското прашање.
„За Франција, Косово е независно, за Србија не е. Мора да разбереме дека постојат земји кои размислуваат поинаку. Макрон е еден од ретките лидери кои сакаа да не слушнат“, рече Вучиќ на прес-конференцијата по состанокот со францускиот претседател во Белград.
Тој рече дека има доверба дека Макрон сака да го зачува мирот и стабилноста на Балканот и дека верува во она што тој ќе го изнесе како идеја за решавање на косовското прашање.
„Го молев да ни помогне да го решиме ова прашање, тој беше отворен и чесен да сослуша. Величествени заклучоци по овој состанок не се можни”, рече Вучиќ.
Вучиќ и Макрон одговараа на повеќе прашања, одговорите може да ги погледенете наовој ЛИНК.