Не сме во лесна позиција, бидејќи немаме контрола „на ниту една педа во Косово“, но затоа го имаме својот народ кој е подготвен да ги чува своите огништа, а тие имаат своја држава која е подготвена да им помогне, порача денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој најави дека денеска ќе разговара со претставници на Србите во Косово и ќе ги замоли да продолжат со мирни протести, а дека државната меѓународна заедница ќе продолжи да укажува не само на штетност, туку и на погубните мерки на Приштина кои длабински ги разоруваат мирот и стабилноста.
Ситуацијата не е нималку лесна, Зависите цело време од волјата на Приштина и од тоа дали ќе сакаат да го почитуваат правилото или не. Кога некој се однесува неправно или противправно, ограничени се можностите на делување, истакнал Вучиќ во изјава за новинари после отворање на погонот на јужнокорејската компанија во Зрењанин.