Вучиќ: Србија нема да се приклучи кон НАТО

Србија е на европскиот пат, но нема намера да се приклучи кон НАТО, порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за Тас.

Истовремено рече дека Србија планира да купи најмалку шест руски воени хеликоптери и системи за воздушна одбрана.

„Србија е на европскиот пат, но разликата помеѓу Србите и другите земји во регионот е тоа што Србија не сака да се приклучи кон НАТО. Ние тоа не го криеме“, изјави Вучиќ во интервјуто.

Наведе и дека за време на неговата посета во седиштето на НАТО, пред десетина дена, ги информирал 29-те лидери на земјите членки на Алијансата, дека неговата земја нема намера да се приклучи кон сојузот.

„Србија ќе остане доследна на својата воена неутралност. Таква беше политиката на Србија, таква ќе биде и во иднина“, рече Вучиќ.