Вучиќ свика итен состанок на советот за безбедност, српската делегација го напушта Брисел

Српскиот претседател Александар Вучиќ свика во вторникот во 12 часот итна седница на Националниот совет за безбедност по убиството на српскиот политичар на Косово, Оливер Ивановиќ утрово во Косовска Митровица.

Убиството на Оливер Ивановиќ е злосторнички и терористички чин, кој има цел да ја дестабилизира ситуацијата на Косово и Метохија, и тоа претставува напад врз целиот српски народ, изјави директоро на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ.

Од истите причини делегацијата на Белград, преку Марко Ѓуриќ објави дека го напушта техничкиот дијалог со Приштина кој се води во Брисел под покровителство на Европската унија и се враќа во земјата. Денеска, инаку требаше да продлжат преговорите меѓу српската и албанската страна по повеќемесечен застој.

„Целта е да се предизвика хаос и српскиот народ на Косово и Метохија и целата Србија да бидат втурнати во хаос и пекол на судирот“, изјавил Ѓуриќ за новинарите во Брисел, каде што денеска трабше да ја предводи делегацијата на Белград во техничките преговори со Приштина.

Запрашан како убиството на Ивановиќ ќе влијае на продолжување на дијалогото и дали српската делегација ќе учествува во дијалогот кој требаше да продолжи по повеќемесечна блокада, Ѓуриќ одговорил „За што сега да разговараме? Веднаш се враќаме во Белград“.

Ѓуриќ истакнал дека одговорните за убиството на Ивановиќ мора да бидат казнети.

„Кој и да стои зад овој напад, а знаеме дека претходните денови на Србија ѝ се закануваа со војна и од Кадри Весељи, разни Албанци до разни други кои претходните седмици без никакви реакции на меѓународната заедница ги напаѓаа српските имоти… Кој и да стои зад ова, дали станува збор за албански, српски или други криминали, мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, рекол Ѓуриќ.

Нагласил дека ова претставува обид српскиот народ на Косово да се втурне во хаос, како и Србија да биде вовлечена во хаосот. „Ова е напад врз целиот српски народ и злосторнички, терористички чин кој мора да биде и ќе биде казне“, рекол Ѓуриќ.

Оливер Ивановиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, беше застрелан со пет куршуми во вторникот утрото во северниот дел од етнички поделената Косовска Митровица.Засега не е познато кој е извршителн на атентот.

 

Северот на Косовска Митровица блокиран

Соработничката на Ивановиќ, Ксенија Божовиќ наведе дека полицијата пред канцеларијата на партијата пред која е застрелан политичарот пронашла три чаури, а приштинските медиуми наведуваат дека косовската полиција потврдила дека спрскиот политичар бил застрелан но нема повеќе информации за нападот.

Сверниот дел на Косовска Митровица по нападот кој се случил околу 8,15 часот е под блокада на зајакнати полициски сили, а според различни извори во Ивановиќ биле испукани четири или пет куршуми.

Оливер Ивановиќ е еден од лидерите на косовските Срби и поранешен пратеник во Собранието на Косово кој ја предводеше пратеничката група Враќање. Роден е на 1-ви април 1953 година во селот Рзниќ кај Дечани, основно и машинско-техничко училиште завршил во Косовска Митровица. Студирал Воена академија во Загреб, но се откажал по три години и дипломирал машинство и економија.

Важеше за умерен политичар кој уживаше реноме кај меѓународната заедница, а во 1999 година кога го формираше Српскиот национален сове, Ивановиќ стана претседател на неговиот извршен одбор за северно Косово. Од таа позиција бее сменет во 2001 година. Од 2008 година беше државен секреатер во српското министерство за Косово и Метохија.

Оливер Иванновиќ пред три години беше уапсен и повеќе од две години мина во притвор поради наводно воено злостроство. Пуштен е да се брани од слобоа во април минатата 2017 година, а во јули му беше запален автомобилот во северниот дела од Косовска Митровица.

Беше оженет и татко на три сина.