Вучиќ свика итен состанок со пратениците, Србија гневна на западот!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во 10.30 ќе ги извести пратениците во Собранието и граѓаните на Србија за најновите случувања на Косово.

Вучиќ утринава покренал интензивни дипломатски активности после упадот на специјалните единици РОСА на северот на Косово, речено е во неговиот кабинет.

Претседателот на Србија побарал од западните политички центри да ја зауздаат Приштина и ставил до знаење дека Србија нема да дозволи етничко чистење на Косово.