Предвремени избори во Србија нема да има во следните шест месеци, изјави синоќа српскиот премиер Александар Вучиќ.
– Не знам дали ќе има за шест, осум или девет месеци, но во следнитге, три, четири, пет.. нема да има, додаде тој.
Вучиќ посочи дека евентуалното претходно одржување на избори би било неодговорно.
– Мојата работа е да носам одлуки во интерес на граѓаните, рече српскиот премиер.