Новиот претседател на Србија, Александар Вучиќ, во врска со протестите во Белград, Нови Сад и Ниш поради резулттаите од изборите, вели дека Србија е демократска земја, и секој може да го искаже своето мислење, се додека е мирно.
Учесниците на протестите кои воглавно се млади луѓе, студенти, се организирале преку Фејсбук и посочуваат дека имале причина да се сомневаат во регуларноста на изборите.
Сепак, набљудувачката мисија на невладината ЦРТА, посочи дека изботите се регуларни, а Вучиќ има освоено 54,7 отсто од гласовите. Саша Јанковиќ освоил 16,3 отсто од гласовите, а претседателскиот кандидат Лука Максимовиќ 9,5 отсто.
При протестите кои се одвиваа под слоганот „протест против диктатаура“, неколку илади граѓаани поминаа по белгрдските улици и застанале пред Собранието. Изолирани биле неколку помали инциднети, а една група фрлала јајца и шишиња кон полицијата. Полицијата, сепак, не реагирала.
Ние сме демократска земја и секој има право да биде среќен или несреќен поради изборните резултати. Замислите сега јас да ги викнам моите поддржувачи и да одиме да славиме“, им рекол Вучиќ на новинарите.
Како што им кажал, кој има време нека протестира, а тој и неговата влада мораат да работат.