Вучиќ за трите српски цели на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во четвртокот дека основните цели на Белград во својата поранешна јужна покраина Косово се зачувување на мирот и стабилноста, заштита на државните итнереси и обезбедување на имотните права на косовскометохиските Срби.

„Доколку има договор, ќе имаме повеќе отколку денес“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во дневникот на Радио-телевизија Србија (РТС). Покрај зачувувањето на мирот и стабилноста, шефот на српската држава како втора цел ја истакна заштитата не државните интереси и имотните права, оценувајќи дека тоа е „најтешкиот дел“. Како трета цел, Вучиќ го наведе зачувувањето на сите права на Србите коишто сега живеат во отцепеното Косово , нивната безбедност и условите „децата да може непречено да одат во училиштата и кионата и да се дружат со врсниците“.

Нагласувајќи дека „трева да се зборува вистината“, Вуќиќ дефиницијата на државата ја толкуваше преку три елемента: територијата, населението, војската и полицијата, истакнувајќи дека од овие три елемента Србија „само во поедини делови на Косово има население и ништо повеќе“. Вучиќ за РТС рече дека со сите евентуални предлози „ќе излесе пред граѓаните“ и ќе каже што е сторено во таа насока.

Српскиот претседател за германската канцеларка Ангела Меркел рече дека ја смета за „искрен пријател“. „Ја доживуваме како искрен пријател. Таа нѐ спаси од судир со Хрватите, до кој можеше да дојде поради кризата со имигрантите кога Унгарците го подигнаа ѕидот“, рече Вуќиќ, без подетално да го образложи своето тврдења.

На прашањето каков е неговиот став по изјавата на канцеларката Меркел дека нема промени на границите, Вучиќ повторно истакна, како и пред некој ден, дека Германија и САД „ја разграничија Србија оној момент кога во 2008 година ја признаа независноста на Косово. „Затоа кога велат дека се против разграничувањето, тоа значи дека се против промена на границите кои ги воспоставија на наша штета“, реле Вучиќ.

Шефот на државата се пожали дека многумина, особено во Србија, ги напаѓаат токму поради тоа што не ги прифаќа таквите граници. Вучиќ рече дека нема да зборува за конкретни решенија за Косово, „бидејќи сѐ уште ги нема“.,

Минатата седмица Вучиќ изјави дека „се залага за разграничување“ со Албанците. „Да имаме територија за којашто не се знае кој како ја третира, и што кому му припаѓа – тоа секогаш е извор на потенцијални судири и проблеми… Јас се залагам, и тоа не го кријам, секако се залагам, и тоа е политиката којашто ја претставувам, а дали таа ќе добие поддршка од народот или не, но јас се залагам за разграничување со Албанците“.

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави во седата дека нема да има поделба на Косово, ниту автономија за Србите. Не прес-конференцијата рече дека под коригирањето на границите подразбирал само тоа Прешевската долина којашто е дел од Србија, да се присоедини на Косово.