Повод за седницата е мигрантската криза и едностраната одлука на Хрватска да ја затвори границата за транспорт на сообраќај од и во Србија.
Ако ЕУ не одговори на хрватската забрана за сообраќај, следат контрамерки (видео)
Ако ЕУ не одговори на хрватската забрана за сообраќај, следат контрамерки, предупреди денес во своето обраќање српскиот премиер Александар Вучиќ.
Тој предупреди дека доколку ЕУ до 14 часот не одговори на ситуацијата на границата меѓу Хрватска и Србија, тогаш Белград ќе преземе контрамерки поради едностраното затворање на границата за српските камиони.
Чекаме ЕУ да реагира до 14 часот, а потоа Србија ќе реагира мирно, без да ги крши правилата, но ќе укаже дека Хрватска не може да се изживува, да ја понижува земјата и да ја уништува српската економија без никакви последици, истакна Вучиќ.
Тој оцени дека потегот на Хрватска е „скандал од огромни размери“. Обраќањето на Вучиќ проследете го во следното видео: