![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/Capture-15.jpg?resize=547%2C367&ssl=1)
Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, на идентичен начин набавил исто блиндирано возило „мерцедес“ и за иста сума, и тоа преку разузнавачката безбедносна агенција, како и автомобилот за кој во Македонија на две години беше осуден на две години затвор поранешниот премиер Никола Груевски.
Ова во понеделникот вечерта го документираше актуелниот српски претседател Александар Вучиќ во гостувањето на популарната емисија „Кирилица“ на телевизијата Хепи, зборувајќи меѓу другот и за обвинувањата на вмешаноста на Србија во заминувањето на поранешниот македонски премиер во Унгарија.
„Груевски треба да оди во затвор, нели… Истиот ’мерцедес бенц’ го набавил Тадиќ, за истите пари.. Тука се потписите на директорот на БИА, на генералниот секретар на владата… Без јавна набавка, преку БИА, за истите пари за 600.000 евра. Зарем сега треба јас или надлежниет органи да го гониме Тадиќ да оди во затвор… Па тоа возило остана на државата“, рече Вучиќ.
Притоа српскиот претседател запраша како би реагирала Европа кога српските власти сега би го осудиле Тадиќ на две години затвор за идентична набавка на идентично возило, но истакна дека притоа не е направена противправна материјална полза.
Поранешниот претседател на Србија во 2010 година набави блинидран „мерцедес“ за кој српските власти платија 600.000 евра.