По повод нападот во Сребреница, рпскиот премиер Александар Вучиќ за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЗ) изјави дека нема да ја промени својата политика и оти мора да се создаде заедничка иднина за сите, па и, како што кажа, за неговите напаѓачи, пренесува Танјуг.
– Мора да создадеме заедничка иднина за сите, па и за луѓето кои ме нападнаа, изјави Вучиќ за ФАЗ.
Инаку, изјавата на српскиот премиер везникот ја пренесува на првата страница, под наслов „Ја продолжувам политиката на помирување, наспроти нападот“.
– Нема да ја променам својата политика, мојата рака и натаму е пружена. Мораме да мислиме на иднината и да создадеме основа за подобар живот на Бошњаците и Србите, рече Вучиќ и додаде дека инцидентот уште повеќе го уверил дека сите напори мора да се вложат во помирување.
Освен тоа, Вучиќ изнесе обвинувања на сметка на босанско-херцеговската полиција.
– Претчувствував дека ќе ме исвиркаат, сметав и на навреди, но не претпоставив дека ќе бидам изложен на организиран напад, а босанската полиција да не ме заштити, додаде Вучиќ.
Тој појасни оти српската делегација се сомневала во тоа дека полицијата на БиХ доволно добро ќе си ја заврши работата, па побарала заштита да преземе полицијата на Република Српска.
– Најнапред тоа ни го ветија, но неколку часа пред почетокот на комеморацијата ни кажаа дека полицијата на Република Српска не смее да стапи на тлото на Меморијалниот центар, рече Вучиќ, кој говореше за подготвен и организиран напад.
– Би морало да бидам слеп или глуп за тоа да не го забележам, изјавил Вучиќ, но не сакал да коментира за можни напаѓачи пред крајот на истрагата, туку напоменал дека тие не биле од Сребреница туку од други краеви на Босна.
ФАЗ коментира и дека одлуката на српскиот премиер сепак да оди на комеморацијата во Сребреница била мошне храбра.