Грчкиот Парламент ќе ги усвои законите неопходни за спроведување на новиот европски финансиски пакет за спас на Грција и покрај тоа што одредени пратеници од владејачката партија имаат спротивно мислење, изјави денеска грчкиот министер за внатрешни работи Никос Вуцис, пренесува МИА.
– Ќе бидат донесени одлуки со кои работите ќе се вратат во нормала, изјави Вуцис.
Четири законски предлози, со кои ќе бидат регулирани пензиски и даночни реформи, мораат да бидат усвоени до утре до полноќ во грчкиот Парламент.