Култниот американски режисер Вуди Ален го започна снимањето на својот педесетти долгометражен игран филм во Париз, којшто, според него, би можел да му биде и последниот, пренесе агенцијата AFP.
Во информацијата од понеделникот агенцијата цитира извадоци од изјавата на 86-годишниот режисер, според кој неговиот нов филм „Wasp 22“ (Оса 22), ќе биде сличен на „црната комедија во духот на драматичниот трилер Match point“ од 2005 година. За работата на овој филм Ален го покани италијанскиот оператор Виторио Стораро. Се истакнува дека ова е првиот филм на Американецот сниман на француски јазик.
Кон средината на септември Вуди Ален во интервјуто за шпанскиот дневен весник La Vanguardia, рече дека 50-от филм би можел да му биде и последен. Потоа, како што додаде, може да пишува мемоари, а можеби и уметнички роман.
Во 2017 година, по долгите години талкање по светот, Вуди Ален, кој на со љубовната драма „Wonder Wheel“ се врати во родниот град Њујорк, иако со децении важи за еден од највлијателните режисери на Холивуд.
Четирикратниот оскаровец со вистинско име Ален Стјуард Конигсберг во изминатите четири децении, овој единствен автор ја одбележи историјата на филмот снимајќи по еден филм годишно. Вкупно досега дваесеттина пати беше номиниран за Оскар, а освои четири од најпрестижните признанија во филмскиот свет.
Вуди Ален влезе во историјата на филмот, првенствено како своевиден хроничар на Њујорк. Но неговиот комплициран однос со филмските продуценти на крајот го доведе режисерот во Европа, каде што самиот процес на снимање и создавање филм е далеку поевтин отколку во САД.
Неговата европска филмска авантура му донесе и нова професионална среќа, по низата претходни неуспеси во САД, неговите рецентни филмови му донесоа серија номинации на американската Академија на филмските уметности и науки, кулминирајќи со четвртиот Оскар кој го доби за неговиот филм „Полноќ во Париз”.
Во 2012 година Ален во Рим го сними „To Rome With Love” (На Рим со љубов), а во Италија снимаше и во 1996 година во Венеција каде беше снимен дел од неговата музичка комедија „Сите велат – те сакам” (Everyone Says I Love You). Претходната 2011 година во француската престолнина Париз го сними „Полноќ во Париз” (Midnight in Paris), во кој во една од споредните улоги се јавува и поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни-Саркози. Овој филм му донесе Оскар за сценарио и номинација за најдобар филм. Во Лондон, Ален ги сними во 2005 година „Match Point”, „Сензација” (Scoop, 2006) и „Сонот на Касандра” (Cassandra’s Dream, 2007) со кој дебитираше на филмскиот фестивал во Венеција. Шпанија во 2008 година беше сценографија за „Вики, Кристина, Барселона” (Vicky Cristina Barcelona).