Вујиќ конфузен: Чауш нема криминално минато, ама бил осудуван?!

Во синоќешната емисија на новинарот Васко Ефтов – ,,Во Центар” ,  во која гостин беше Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ и личен адвокат на Зоран Заев, Чауш и на повеќемина видни членови на СДСМ, Мирослав Вуjиќ.

Вуjиќ во текот на целата емисија беше во обид да одглуми адвокат и да го заштити Зоран Заев, при што конфузно се вплетка во сопствените лаги.

На прашање на Ефтов: И сакате да кажете дека Чаушот е цвеќе за мирисање.

Вуjиќ одговори кратко: Тоа е многу убава формулација.

Ефтов дополнително упати неколку прашања кон Вуjиќ:

-И сакате да кажете дека Зоран Заев туку така се здружи со Чаушот без да сака некакви амбиции преку Чаушот да реализира . Имали криминално минато Чаушот? Имали криминално минато Чаушот? Има ли криминално минато Чаушот?

При што Вуjиќ, во конфузија и неможност да ја сокрие вистината, почна да искажува смешни изјави, велејќи:

-Чаушот нема криминално минато, има осудуваност!

На крај Ефтов заклучи: Е ова е веќе интересна формулација според адвокатот Мирослав Вујиќ или Претседателот на надзорниот одбор на СДСМ, Чаушот нема криминално минато, ама бил осудуван. Ова е исто како да кажете дека вашата комшивка е невина, немала сексуален однос, ама родила три деца.

Имено за потсетување е дека токму Зоран Заев беше тој што во Топ Тема ја призна поврзаноста на Чаушот со СДСМ, Заев тогаш рече:

,,Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, ниту пак некој се плаши.”

Истиот тој Чауш видно охрабрен од неговите сопартијци  и неговиот роднина по сопруга Зоран Заев и подршката која ја добива од нив, на судското рочиште на ,,Фабриката за афери” направи инцидент во судските ходници при што извикувал ,,Алаху Акбар”, за овој настаан на големо пишуваа сите портали, вклучувајќи ги и опозициските.

caus