Приемот на поранешната самопрогласена јужна покраина Косово би претставувало „директна закана за Србија со вооружен судир“, предупреди во понеделникот српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин и оцени со тоа дека би била прекршена Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, како и на повелбата на самиот Североатлантски сојуз.
Минатата седмица косовскиот парламент, во заднината на руската воена операција во Украина, усвои резолуција со којашто ја повикува владата во Приштина да започне преговори за членство во НАТО.
По влегувањето на странските сили во поранешната јужна српска покраина во војната од 1998/1999 година, Косово кое во 2008 година еднострано прогласи независност, е под надзор на меѓународните сили КФОР. Официјален Белград инсистира на почитување на Резолуцијата 1244 која на Србија ѝ го признава територијалниот интегритет на Косово и Метохија.
„Сакате од Косово да направите членка на НАТО без да е исполнет ниеден стандард, а мапата за пат во НАТО е покомпликувана отколку за Европската унија. Ако сето тоа го прескокнете, вие само ги подготвувата (властите во Приштина) да им ја дадете можноста да ги нападнат Србите, да ја провоцираат државата Србија до границата таа да не може а да не одговори“, рече Вулин.
Тогаш, оцени српскиот министер за внатрешни работи гостувајќи во утринската прогама на телевизијата ТВ Пинк, би ркеле дека според членот 5 од Повелбата на НАТО членката на овој сојуз мора да биде заштитена, што би создало можност да биде повторно бомбардирана Србија.
Вулин рече дека освен тоа не би имало никаква друга причина Косово да биде примено во НАТО.