Вулкан предизвика евакуација на илјадници луѓе во Салвадор

Илјадници луѓе беа евакуирани во Салвадор поради ерупцијата на вулкан. Засега нема податоци за жртви и разурнувања.

Во областа околу вулканот Чапарастике, живеат приближно 5.000 лица. Евакуирани се сите кои живеат во радиус на три километри од него. Лицата се сместени во привремени живеалишта .

Властите го следат вулканот повеќе од две недели, од кога почна да се зголемува неговата активност. Во реонот на вулканот се испратени експерти за да ја следат ерупцијата на лавата.

Вулканот Чапаристике е висок 2.129 метри. Тој се наоѓа на 145 километри од главниот град Сан Салвадор.