Цунамито коешто во саботата ноќта го погоди индонезискиот брег кај Зознданскиот канал во кое загинаа најмалку 281 човек, индиректно било предузвикано од вулканските ерупции на Анак Кракатау, соопштија властите во понеделникот.
Шефицата на Метеоролошката, климатолошка и геофизичка агенција (BMKG), Двикорита Карнавати изјави за новинарите дека екипите на агенциите поврзани со владата заклучиле дека катастрофата која ги погоди двата брега на островите Јава и Суматра е предизвикана од повеќекратен феномен. „Цунамито е поврзано со вулканските ерупции. Тоа е индиректен разултат од ерупциите на Анак Кракатау“, рекла Карнавати.
Агенцијат првично соопшти дека во саботата вечерта се појавиле плимните бранови и дека се засилиле поради полната месечина, но подоцна соопшти дека всушност цунамито е потенцијално поврзано со лизгање на почвата предизвикано од ерупциите на Кракатау. Вулканот еруптирал во 9 часот утрото, и цунамито ги погоди плажите во Бантен и Лампунг 24 минути подоцна.
Карнавати рекла дека властите забележале треперење на вулканот кои биле адекватни на магнитуда 3,4. Тресењето предизвикало уривање на кратерот и испуштање материјали кои прекриле 64 хектари од неговите падини пред да се лизнат во морето. Додала дека BMKG не можела да детектира закана, бидејќи нивниот систем може да идентификува само цунами кои се предизвикани од земјотреси, а не и оние кои се последица од подводни уривања на почвата или вулканска ерупција.
Вулканот, лоциран на околу 50 километри од плажите во покраините Бантен, веќе подолго време претставува закана за населението на копното. Ерупцијата на Кракатау во 1883 година, една од најразорните и најсмртоносни во поновата историја, покрена големо цунами во коешто животите ги загубија околу 36.000 луѓе, а заглушувачките експлозии можеле да се слушнат дури до Австралија.
Анак Кракатау, или Дететото на Кракатау, почнал да се формира во 1927 година на остатоците од калдерата на Кракатау. Во моментов се издигнува 338 метри над нивото на морето, објави националната геолошка агенција. Еруптираше во 2016 и 2017 година и засилено е активен од јануари оваа 2018 година. Поради повеќето мали ерупции, во јули и во август, годинава, проширена е забранетата зона околу островот во Зондонскиот канал.
Според последните официјални податоци, бројот на смртно настраданите изнесува 281 човек, над илјада се повредени а 57 луѓе се пријавени како исчезнати. Се очекува дека бројот на жртвите ќе страде. Портпаролот на агенцијата BNPM додал дека своите домови ги напуштиле 11.687 луѓе. Од цунамито настрадале пет дестрикти во двете покраина, а дистриктот Пендегланг на западниот брег од Јава е најтешко повреден.
https://www.youtube.com/watch?v=V3PSkKEmJos