Вулнет Мурсели има програма за реконструкција на тетовската жичарница

Вулнет Мурсели е единствениот кандидат кој има програма за реконструкција на тетовската жичарницата Тетово – Попова Шапка, велат од коалицијата Алијанса и Алтернатива.

Мурсели преку својот профил на ФБ откри дел од својата програма за реконструкција на жичарницата Тетово-Попова Шапка

„Попова Шапка е извонреден природен ресурс што може да донесе економски придобивки не само за градот Тетово, туку и за поширокиот регион. Сепак, моменталната состојба на ова туристичко место е жална: целосно занемарен, без основна инфраструктура, без жичарницата која беше симбол на Тетово, со тотален урбан хаос, со дивоградби на секој чекор, со остатоци и мирис исполнет со инертен отпад, со кучиња скитници итн. Затоа, ја ставивме Попоца Шапка меѓу нашите главни приоритети за кои ќе работиме со полн интензитет од почетокот на мандатот“, напиша Мурсели.