„Взглјад“: Русија ја спаси Украина

Киев го доби од Русија сето она што Европската унија не му го даде, коментира рускиот весник „Взглјад“.

Украина конечно успеа да си издејствува од Москва намалување на цената на гасот. Новата цена од 268,5 долари за илјада кубни метри ќе му заштеди на Киев три милијарди долари годишно. Покрај тоа Русија ќе прелива во економијата на земјата 15 милијарди долари преку купување на украински хартии од вредност.

Рускиот претседател Владимир Путин појасни дека на земјите им претстои да развијат ефективен и долгорочен модел на интеракција во гасниот сектор, а овој договор е само привремено решение.

Александар Стојан, пратеник од владејачката Партија на регионите во Украина, искажал благодарност до Москва за помошта.

„Би рекол дека сега не победи Русија, туку здравиот разум. Ние сме словенски народ . Двете страни ги поврзува долгогодишна дружба. И ние сме благодарен дека Москва одлучи да не поддржи во овој тежок период“, истакнал Стојан.