Компанијата „Waymo“, подружница на технолошкиот гигант „Alphabet“, која развива системи за автономно возење, соопшти дека поднела апликација до Комисијата за јавни комунални услуги во американската сојузна држава Калифорнија за проширување на услугите за возење без возач во Лос Анџелес.
Лиценцата ќе ѝ овозможи на „Waymo“, која веќе интензивно дејствува во Сан Франциско, целосно да управува со својот возен парк во Лос Анџелес, најголемиот град во Калифорнија, каде што сега тестира возења, дозволувајќи нови возења само на повик.
Компанијата објави на платформата за социјални медиуми X дека ќе работи со креаторите на политиката во Лос Анџелес, службите за итни случаи и организациите во заедницата за да ја лансира својата услуга градски транспорт. Не објавија поединости за тоа кога нивната услуга ќе започне да функционира.
Од „Waymo“ претходно месецов соопштија дека ќе започнат со тестирање на своите целосно автономни патнички автомобили без возач на автопатите во Феникс, во државата Аризона, каде што сега нуди услуги за возења во градското подрачје. Компанијата има намера да работи и во Остин, во државата Тексас.
Компанијата се откажа од напорите за развој на комерцијална технологија за автономен камионски транспорт минатата година, набрзо откако софтверот за автономно возење се најде под заострена регулатива.
Локалните медиуми потсетуваат дека поради несреќа единицата „Cruse“ автомобили за автономно возење на концернот „General Motors“, минатата година ги суспендираше самоуправувачките автомобили во САД.