„WizzAir“ укина неколку летови од Македонија до познатите туристички дестинации во Европа

Нискобуџетната воздухопловна компанија „WizzAir“ потврди дека ги прекинува операциите на релација Охрид – Милано/Малпенса, објави специјализираниот портал Exyuaviation.

Двата неделни лета беа промовирани во март 2019 година, но беа прекинати во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.

„WizzAir“ во моментов ги одржува летовите од Охрид до Базел, додека сите други линии се привремено суспендирани.

Во овој момент, операциите кон Меминген и Малме ќе продолжат кон крајот на февруари, додека летовите до Виена, Дортмунд, Фридрихсен и Лондон Лутон треба да бидат обновени во март.

Визер претходно во четвртокот ги прекина и летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака.