WP: САД се подготвуваат за обиди за дестабилизација од странство по изборите

Американската администрација се подготвува за можноста дека по завршувањето на изборите на 5-ти ноември и пред инаугурацијата на новиот американски претседател, странски држави наводно може да се обидат да ја дестабилизираат ситуацијата во САД, објави The Washington Post (WP).

Според изворите на весникотм неименувани високи американски функионери, „администрацијата на (американскиот претседател Џо) Бајден е во состојба на висока готовност за обиди од странство да се закануваат или дестабилизираат Соединетите држави за време на транзицијата на овластувањата на новиот претседател“.

Како што беше објавено во саботата во WP американските власти се обидуваат да ги предодвратат „обидите да се искористи периодот на ранливост што е уште поопасен поради екстремната политичка поларизација“ во Соединетите држави.

Како што натаму се наведува во написот, Пентагон „се подготвува за бројни сценарија кои наводно би можеле да се случат по изборите и пред инаугурацијата на следниот претседател на 20-ти јануари“.

Според последните анкети на изборите на 5-ти ноември, се води исклучително тесна трка меѓу актуелната потпретседателка и кландидатка на демократите Камала Харис и порашениот претседател републиканецот Доналд Трамп. Се стравува дека и двете страни се склони да оспоруваат изборните резултати кои не би оделе во нивна полза, и се потсетува на упадот на Капитол од 6-ти јануари 2020 година на приврзаниците на Трамп кои и денес се уверени дека тие избори биле лажирани во полза на демократот Бајден.

Во петокот, исто така, беше објавено дека гувернерот на амеиканската сојузна држава Вашингтон активираше и стави дел од Националната гарда во состојба на готовност во случај на потенцијални изборни немири. „Ова е исклучиво мерка на претпазливост“, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот Џеј Роберт Инсли.

Во државата Вашингтон, гардата ќе биде во готовност четири дена, почнувајќи од понеделник, а ќе ги заврши своите должности по полноќ во четврток. Денот на изборите е вторник, но веќе има десетици милиони предвремени гласања.

На почетокот од седмицата во Ванкувер, место во сојузната држава Вашингтон, беше запалена гласачка кутија со гласачки ливчиња од предвремените гласачи, при што беа уништени стотици гласачки ливчиња. Сличен инцидент се случи во исто време во блискиот Портланд, во сојузната држава Орегон.

Кабинетот на Инсли објави дека гувернерот, кој инаку доаѓа од Демократската партија на кандидатката Камала Харис, со тоа одговорил на тие инциденти, како и на предупредувањата од американското Министерство за домашна безбедност во врска со заканите за изборната инфраструктура.