WP: Зеленски за малку казнет на самитот на НАТО

Поради острите критики од страна на украинскиот претседател Володомир Зеленски, некои американски функционери сакале да ја изменат завршната заедничка изјава од самитот на НАТО одржан претходно седмицава во литванската престолнина Вилнус, со остранување од неа на терминот „покана“ во контекстот на Украина, пишува весникот The Washington Post, повикувајќи се на свои извори.

„Агресивниот твит на …. Зеленски оваа седмица, во кој тој ги критикуваше челниците на НАТО за забавувањето на влезот на неговата земја ослабена од војната… во Алијанската, ја шокираше Белата куќа толку многу што американските функционери вклучени во тој процес ја разгледуваа можноста да се отстране терминот ‘покана’ за Киев“, пишува весникот без да ги именува соговорниците за кои вели дека биле блиски на процесот.

Во написот се истакнува дека по јавниот укор од Зеленски, кој „ја разбесни делегацијата“, се наметнало прашањето за промена на формулацијата во завршната заедничка изјава на челниците од самитот за да биде „понеповолна“ за евентуалниот влез во Украина во Северноатлантскиот воен сојуз.

Според европски функционери кои зборувале за WP, американските претставници го покренале прашањето за ревидирање или отстранување на формулација дека членките на НАТО ќе можат „да ѝ упатат покана за пристапување на Украина“ кога тие „ќе бидат согласни и ќе се исполнат условите“. Во написот се укажува дека постоел консензус дека преформулирањето на завршниот документ ќе го одложи неговото објавувања, па било одлучено да биде усвоена првичниот текст.

Во написот се забележува дека овој инцидент укажува на незадоволството во НАТО од постапките на Зеленски, при што дури и „некои од неговите најстраствени поддржувачи“ се прашуваат дали тој дејствува во интересот на Украина.

Зеленски претходно во средата го ублажи својот тон, велејќи дека резултатите од Самитот биле добри дури и да немало формална покана за Украина да се приклучи на НАТО и дека добил позитивни вести за одбранбените пакети од сојузниците. На прес-конференцијата во Вилнус, Зеленски рече и дека не ги разбира коментарите на британскиот мнистер за одбрана Бен Валас.

За потсетување, Валас, кој важи за еден од најголемите поборници за големо снабдување на Украина со модерно западно оружје, во средата го предупреди Киев дека неговите меѓународни сојузници „не се Amazon“ и дека киевските власти треба да покажат благодарност за донациите во оружје, во одговор на новинарско прашање за поплаките на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека на Киев не му била дадена временска рамка за приклучување кон Алијансата.

Валас, како што пренесоа британските медиуми, се присетил дека минатата година отпатувал во Украина, каде што му била претставена „шопинг листа со оружје“.

„Знаете, ние не сме Amazon. Тоа им го кажав лани кога возев 11 часа за да ми дадат список“, рече британскиот министер, алудирајќи на гигантската американска компанија за технологија и интернет малопродажба.

 

Кулеба вели дека „поканата“ во декларацијата на НАТО не била ставена пред самитот

Истовремено во петокот, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба независно од написот во WP во интрвју за неколку медиуми изјави дека челниците на самитот на НАТО во Вилнус до последен момент не планирале во завршната изјава да ја стават поканата за Украина во блокот, и оти тоа не било наведено во документот кој циркулирал 48 часа пред почетокот на средбата.

„Дискусиите траеја со месеци, сакам да ви кажам дека од неделата, односно 48 часа пред почетокот на самитот, во текстот од завршната изјава немаше никакво споменување на покана за Украина“, изјави Кулеба.

Според него, Киев со големи напори успеал да ја промени ситуацијата во своја полза.

„За 48 часа, благодарение на многу интензивнаа и прагматичната, аргументирана комуникација со партнеритет, пред сѐ со САД и Германија, ни успеа да ги ‘поместиме“ (ставовите). И тие се согласија дека терминот ‘покана’ може или треба да биде во текстот. Но, на крајот се појави во неа во формулацијата којашто сега ја гледаме“, рече Кулеба.

Шефот на украинската дипломатија, исто така, спомена и дека претставниците на западните земји „не многу пријатно“ реагирале на предлогот на Киев имено новоформираниот Совет Украина-НАТО да стане инструмент за натамошна интеграција на Украина во Алијансата, но потоа се согласиле и со тоа.

Челниците на НАТО претходно на самитот во Вилнус одобрија повеќегодишен пакет за поддршка на Украина, кој се состои од три елемента. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека пакетот вклучува повеќегодишен план за поддршка за постигнување интероперабилност со НАТО, создавање Совет НАТО-Украина и укинување на условите за исполнување на Акциониот план за членство (MPO), што ќе го скуси процесот на пристапувањето од два фази во една, односно не се предвидуваат исполнувања на услови и норми кои кандидатите за членство треба да ги остварат во процесот. Според генералниот секретар, челниците на земјите од Алијансата потврдиле дека Украина ќе стане членка на НАТО кога сојузниците „ќе одлучат дека условите се исполнети“.

Во вторникот, Зеленски го нарече апсурден отсутвото на временска рамка за покана на Украина во НАТО и нејзиното членство во алијансата, според него, ова е слично на отсуствот на подготвеност да се покани Киев во блокот.