Y Lashes во Beauty&Academy: Природен и раскошен изглед на вашите трепки!

Продолжување на трепките во форма на „Y“ е еден од најпопуларните стилови на екстензии на трепките.

„Y“ трепките се состојат од две посебни екстензии. Двете трепки се залепени заедно во нивната основа за да формираат единствена единица, а потоа се водат во спротивни насоки за да се зголеми подигањето и волуменот.

Овој метод бара трепките да бидат потенки од стандардното единечно продолжување на трепките, така што е можно да се нанесат повеќе прамени трепки на секоја трепка. Честопати, 2D методот значи дека се става помалку лепак и трепките се чувствуваат полесни на очниот капак.

За сите кои бараат полни и раскошни трепки, оваа техника за екстензија на трепки дефинитивно е за нив.

 

„Y“ трепките имаат иста примена како класичните, но со двојно поголем волумен.

А формата Y на трепките им одговара на сите, особено на оние кои немаат многу природни трепки.

2D Y трепките даваат повпечатлив изглед во споредба со класичните трепки, а рамната основа добро се вклопува и трае долго.

Доколку сакате да аплицирате раскошни „Y“ трепки, оваа услуга ви ја нуди  Beauty&Academy, институција за козметички третмани и за едукација, каде што воедно се изведуваат и обуки за сите заинтересирани кои сакаат да го збогатат своето професионално портфолио. Обуката ја изведува Јелена Кркич Панчевски.

За потсетување, во Beauty&Academy во тек се и обуки за дермапен, при што сите што учествуваат добиваат и гратис апарат.

Дермапен се користи за третман на: брчки, површински неправилности, стрии, зголемени пори, лузни од акни, вбризгување на активни коктели за мезотерапија во кожата, хиперпигментација (дамки на кожата), подмладување…