За 14,9 отсто е намален бројот на осудените малолетници, а додека пак за 3 отсто е намален за пријавените полнолетни сторители на кривични дела, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците, бројот на пријавените малолетни лица е зголемен за 0,4 отсто во 2013 година, во споредба со 2012 година, а додека пак, бројот на осудениците се намалува за 14,9 отсто.
Од Заводот информираат дека бројот на полнолетните лица, познати сторители на кривични дела во 2013 година во однос на 2012 година е намален за 3 отсто, бројот на осудените е зголемен за 5,5 отсто, а на обвинетите пораснал за 8,7 отсто.