![korona-virus-grcija-zname](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/korona-virus-grcija-zname.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
За 18 проценти се зголемил бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Грција во изминатата седмица, додека, пак, бројот на починати е намален за 17 отсто, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Во периодот од 5 до 11 декември 2022 година биле регистрирани 51.824 случаи на Ковид-19, од кои 30 проценти се реинфекции, а починаа 130 лица.
Направени биле 663.626 тестови, со стапка на позитивност 7,81 отсто.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.500.737 случаи на Ковид-19, а починаа 34.614 лица.