За 19 дена во Гевгелија опожарени 18 оџаци

оџаци

Очигледно нашите навремени предупредување до граѓаните да ги исчистат оџаците пред почетокот на грејната сезона не допреле до до соптвениците на индивидуалните станбени објекти. За нивна среќа, нашите брзи интервенции спречија штетите од запалените оџаци да бидат многу мали и без последици по соседните објекти и пошироката околина, рече командирот Драги Делев.

Според него ниските температури биле главната причина за зголемено затоплување со печките на дрва и поголемо оптоварување на нечистите оџаци кое предизвикува нивно опожарување. Тој ги пофали станарите на колективните згради во Гевгелија кои навреме се подготвиле за грејната сезона.