Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави во средата дека на 19-ти јуни ќе се одржи самт на кој физички ќе присуствуваат европските челници на кој ќе се направи обид да се договори новиот повеќегодишен буџет на Европската унија и планот за економско закрепување.
Европската комисија претходно во средата ја предложи Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021 – 2027 година од 1.100 милијарди евра, како и план за заздравување на стопанството од последиците од пандемијата на коронавирусот во износ од 750 милијарди евра.
За да минат, овие предлози мора да добијат едногласна согласност од државите членки и согласност од Европскиот парламент.
„Ова е важен чекор во процесот на носење на одлуката. Ова прашање ќе го разгледаме на редовниот Европски совет на 19-ти јуни. Треба да се стори сѐ за да дојдеме до договор пред летната пауза“, изјави Мишел.
Ги повика државите членки на ЕУ „броза да ги проучат предлозите на ЕК и конструктивно да работата на компромис во најдобриот интерес на Унијата“.