чинот на кој е откриена пораката. Пораката е пронајдена во 1988 година во коверт на кој пишувало „ова е старо 86 години“.
Сепак, сопственикот на „Вајт сар лајн“, Филип Френклин, неколку дена по трагедијата, тврдел дека компанијата не добила никаква порака, а истата изјава ја дал и кога сведочел пред Сенатот кој го испитувал настанот.
Интересно е да се напомене дека, кога оваа телеграма би пристигнала до компанијата во Њујорк спасувачките екипи ќе стигнеле на време за да спасат повеќе луѓе.
![Анализите потврдиле дека пораката датира од почетокот на дваесеттиот век и потврдено било дека не станува збор за фалсификат.](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/poraka-sos.jpg?resize=553%2C368)
Па, сега се поставува прашањето: Дали Френкилн лажел за телеграмата, или навистина не била испратена телеграма, па оваа која е ставена на аукција е лажна?
Но и за ова имаат објаснување од аукциската куќа. Тие тврдат дека телеграмата завршила во многуте неотворени пораки, а пронајдена е неколку години подоцна.
Анализите, пак потврдиле дека датира од почетокот на дваесеттиот век и потврдено било дека не станува збор за фалсификат.